Махмуд Дарвиш

Мисли на другите


Првпат објавено: 2005
Извор: Окно
Превод: Здравко Савески
Техничка обработка: Здравко Савески
Онлајн верзија: феввруари 2023



Кога правиш појадок, мисли на другите.
        (Не заборавај да ги нахраниш гулабите).
Кога се бориш во твоите војни, мисли на другите.
        (Не ги заборавај оние кои очајно бараат мир).
Кога ја плаќаш сметката за вода, мисли на другите
        (оние што пијат дождовница од облаците).
Кога се враќаш дома, во твојот дом, мисли на другите.
        (Не заборавај на оние кои живеат во шатори).
Кога спиеш и броиш планети, мисли на другите.
        (Постојат луѓе без засолниште во кое ќе преспијат).
Кога се изразуваш користејќи метафорични изрази, мисли на другите
        (оние што го загубиле правото да зборуваат).
Кога мислиш на другите кои се далечни, мисли на себе
        (и кажи: би сакал да сум свеќа што ќе ја растера темнината).



Тематска архива за поезија и проза | марксистичка интернет архива